Со инфраструктурни бариери лицата со телесен инвалидитет се среќаваат секојдневно, како по улица, така и во повеќето институции. Една од ретките можности за дружба е Републичкиот натпревар во табла во тетовска Брвеница, во угостителски објект кој можеби е единствен во овој регион кој им овозможува пристап, велат од тетовското Здружение Мобилност, како организатори.
Видете ако нема ресторани, па институции ретко. Прво училиштата не се адаптирани како што треба. Ако сакаме образование, а задолжително е средно образование, прво училиштата треба да бидат подготвени, да има соодветни услови. Да има соодветни дефектолози и да биде инкузивно комплетно за сите деца, да не се двојат, изјави претседателот на гостиварскиот огранок здружението велибор јаќимовски.
Здруженијата на лица со телесен инвалидитет се жалат на отежнати процедури за добивање на ортопедски помагала.
Фондот за здравство покрива, но сѐ е со некои клаузули, некои недоречености, а за жал не се гледа реалната состојба на лицата. Сепак тоа е нашата заложба да се овозможат помагала спрема потребите на лицата а не да бидат ограничувачки со некои фактори, точно влијаат но не се пресудни за да може лицето да излезе од дома, нели поентата е тоа, изјави даниела гошева кангов, претседателка на гевгелиското здружение.
Учесниците на турнирот се пожалија и на немањето услови за спортски дисиплини за лицата со инвалидитет.
Значи спортски објекти немаме доста. И немаме подмладок, а тоа е назадно одење. Ако нема подмладок во еден спорт, во кој еве ќе ја ставам и таблата, ништо не правиме понатаму, изјави ванчо каранфилов од сојузот на спорт и рекреација на инвалиди.
Нивната заедничка оценка е дека бавен е напредокот за создавање пристапна средина за лицата со попреченост, што ќе овозможи нивно активно учество во сите сегменти од јавниот живот.
Данијела Билбилоска