Вести Македонија Топ вести

Штекли пуштен на домашно лекување

Раде Трајковски – Штекли денеска оди на домашно лекување откако пред една недела беше извршен обид за негова ликвидација во трговскиот центар Ист Гејт Мол, потврдија за Телма од ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија. Во нападот посериозно беше повреден и Димитар Трајчов викан Колумбо.

На социјалните мрежи во меѓувреме осамна фотографија од Штекли за време на неговото лекување. На фотографијата може да се видат преврските во пределот на неговиот граден кош по здобиените повреди од нападот. Тоа беше втор обид за ликвидација на Штекли.

Раде Трајковски Штекли

Колумбо се  уште е на интензивна нега на Клиниката за хируршки болести, но е изваден од респиратор и  дише самостојно и полека се опоравува. Засега состојбата му е добра и докторите се надеваат на негово целосно заздравување.

Нападот се случи минатиот вторник околу 15 часот, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се работи за пресметка на кланови.

Во недела беше најдено запалено возило во Сарај за кое истрагата на нападот во Ист Гејт Мол се сомнева дека е автомобилот за бегство на егзекуторот кој ги застрела Штекли и Колумбо, во вооружен напад кој се случи минатиот вторник.

Според потврдени информации на КОД на Телма, по нападот врз Штекли, егзекуторот излегол од трговскиот центар, поминал низ подвозникот кај хотел Континентал и на булеварот во близина на општина Газибаба се качил во црно ауди без регистрации, по што му се губи трага. Досега, истрагата официјално не е известена дали крим техника потврдила дека станува збор за автомобилот за бегство. КОД во последната епизода направи реконструкција на нападот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе