Судската администрација денеска со протест од кривичниот суд до влада каде ќе инстистираат на средба со премиерот.
Ќе си ги бараат назад додатоците од 35 отсто кои не ги добиваат од март годинава но и покачување на платата какво што добија функционерите.
Разликата во платата помеѓу судски службеник наспроти судија велат е 1:6.
Министерството за финансии ја доведува во прашање независноста на судската власт.
Судски буџетски совет со ваква забелешка го повика ресорното министерство најитно да го реши проблемот и да им ги исплати законски предвидените додатоци на судските службеници.