КОД: Како израелското разузнавање го преспа нападот на ХАМАС
Што покажа ненадејниот но успешен напад на ХАМАС врз Израел, зошто моќната армија и разузнавањето на Израел не го предвидоа нападот, како кревката Газа ќе ја преживее израелската контра-офанзива.
За војната, предизвикана од децениските непријателства и омраза, војна во која цивилите се на првата линија на страдање, во емисијата КОД, „Војна -ХАМАС против Израел“.
Среде неочекуваната војна се најдоа и над 150 македонски државјани од кои двајца се заглавени во Газа. Во КОД, приказна и за нивното бегство од војна.
Поранешниот искусен американски дипломат Томас Кантримен со своја анализа за последиците од војната врз меѓународните односи.
Емисијата на КОД „Војна -ХАМАС против Израел“ беше емитувана на 15.10.2023.