Балкан Вести Топ вести

Вишиот суд во Белград го ослободи од притвор Радоичиќ- тој не смее да ја напушти Србија и забрането му е да оди на Косово

Вишиот суд во Белград денеска, објави дека по сослушувањето на Милан Радоичиќ, го отфрлил предлогот на Вишото јавно обвинителство да му одреди притвор поради опасност од бегство.

Во соопштението на Вишиот суд во Белград се наведува дека на Радоичиќ му е изречена мерка забрана за напуштање на местото на живеење, тој не смее да ја напушти Србија, а во исто време му е забрането да оди на Косово.

Во соопштението на Вишиот суд во Белград, се вели дека нему привремено му е одземен пасошот и дека е предупреден дека може да му се одреди мерка притвор доколку ги прекрши забраните.

Според одлуката на судот Радоичиќ треба секој прв и петнаесетти во месецот да се јавува во полициска станица.

Тој вчера беше сослушан во Белград, четири дена откако неговиот адвокат Горан Петронијевиќ објави дека тој ја презел одговорноста за организацијата и нападот во Бањска на северот на Косово.

Обвинителството го товари за кривичните дела здружување заради извршување на кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи и тешки дела против општата безбедност. Пред обвинителите тој негираше дека ги извршил овие злосторства.

Претседателот на Комитетот на српското собрание за Косово и Метохија, Милован Дрецун денеска оцени дека официјален Белград, по конфликтот меѓу група Срби и косовската полиција во селото Бањска, „сега единствено може да спроведе само многу брза истрага“ за она што се случи.

Белград, како што изјави Дрецун за РТС, мора да ги „отфрли сите обиди на Приштина и на многумина на политичкиот Запад да ја поврзат државата Србија со оваа вооружена група, со нејзината подготовка, обука, вооружување, уфрлувањето на северот на Косово“.

  • Затоа што ако тоа не се направи, тогаш Белград ќе биде подложен на некои мерки кои веќе се бараат од многумина на политичкиот Запад, рече Дрецун.

Според него, веќе е намалено и запрено распоредувањето на војниците на српската армија долж административната линија со Косово, а поведена е истрага и главен осомничен за организација на групата од Бањска е поранешниот потпретседател на Српска листа на Косово, Милан Радоичиќ.

Еден од двата гранични премини со Србија на северот на Косово, Брњак, е отворен денеска, потврди за Радио Слободна Европа заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани.

Но, Јариње сѐ уште е затворено поради пребарување на теренот во тој регион.

„За Јариње сѐ уште не е пристигната наредбата за отворање“, рече Елшани.

Овие два премини се затворени од 24 септември, кога група вооружени лица ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска, општина Звечан.

Тогаш беше убиен еден косовски полицаец, додека во престрелката загинаа и тројца српски напаѓачи.

Уапсен Милан Радоичиќ – одреден му е притвор од 48 часа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе