Филмови

СТАРО МОМЧЕ (OLDBOY)- недела, 01 октомври 2023 – 22:15

Во 1993 година, директорот за рекламирање алкохоличар Џо Досет се опива откако изгубил голема сметка. Пред да се онесвести, здогледа жена со жолт чадор. Кога ќе се разбуди, ќе сфати дека е сам и заклучен во хотелска соба. Мистериозните киднапери му обезбедуваат храна, алкохол и средства за хигиена, но не објаснуваат зошто е заробен.

Џо гледа телевизиски извештај во кој се вели дека неговата поранешна сопруга Дона била силувана и убиена и тој е главниот осомничен, додека нивната ќерка Миа била посвоена.

Во текот на следните 20 години, Џо престанува да пие и работи да се врати во физичка форма, со намера да избега и да се одмазди. Тој составува список на сите оние кои би сакале да го затворат и пишува писма за на крајот да и ги даде на Миа. Еден ден, тој гледа интервју со Миа, која вели дека би му простила на нејзиниот татко ако некогаш го види.

Од необјасниви причини ќе биде ослободeн и ќе тргне во потрага за да открие кој ја оркестрирал неговата казна. Од киднаперот ќе добие задача да даде одговор на две прашања: кој го затворил и зошто го пуштил.

Во режија на Спајк Ли и сценарио на Марк Протошевич, римејк на истоимениот јужнокорејски филм „OldBoy“ од 2003 година. Улоги: Џош Бролин, Елизабет Олсен и Шарлто Копли.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БИТКА СО ДРОИДИТЕ – петок, 17 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ДОМИНО-недела, 19 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

НИЧИЈА ЗЕМЈА-сабота, 18 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе