Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕК ќе додели 2,25 милијарди евра на Грција за да се справи со поплавите

/

Вести

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен информираше дека Грција може да искористи до 2,25 милијарди евра од европските фондови за да и помогне на централна Грција да се опорави од минатонеделните разорни поплави во кои загинаа најмалку 15 лица.

Поплавите предизвикаа штета на над 700 квадратни километри во централниот земјоделски појас од земјата.

Уништија домови и патишта, а илјадници домаќинства со денови останаа без струја и вода.

Неколку илјади лица беа спасени при големите напори за евакуација, кои вклучија и употреба на хеликоптери.