Спорт Фудбал

Шелтон сензационален полуфиналист на УС Опен

Познати се првите полуфинални двојки на последниот тениски Гренд слем во сезоната. Најголемото изненадување се случи на машкиот дел од турнирот. 47-от играч на светот, 22 годишниот Бен Шелтон во четвртфиналето во четири сета со 6:2, 3:6, 7:6 и 6:2 триумфираше во соочувањето со десеттиот носител Франсис Тијафо, а противник во полуфиналето ќе му биде Новак Ѓоковиќ кој за нешто повеќе од два и пол часа со 3:0 го елиминираше нивниот сонародник Тејлор Фриц.

Кај дамите во првото полуфинале ќе се соочат Каролина Мухова и Кори Гоф. Чешката тенисерка ќе се обиде да стигне до второто Гренд слем финале откако забележа победа во соочувањето со Сорана Кристеа на која и препушти само три гема. Шестата фаворитка Гоф пласман меѓу четирите најдобри обезбеди по елиминацијата на Јелена Остапенко со 6:0 и 6:2.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе