Одбојка Спорт

Без капитенот Ѓорѓиев тешко до сензација против Холандија

Македонската машка одбојкарска репрезентација во четвртото коло од Ц групата на Европското првенство го доживеа и вториот пораз.

Овој пат подобри од нашите одбојкари беа Холанѓаните кои славеа во три сета, но во сите сегменти од играта бевме рамноправни во соочувањето со фаворизираниот противник.

Дополнителен проблем за Македонија беше фактот што на овој меч поради болки во грбот отсуствуваше капитенот Никола Ѓорѓиев, кој се чини дека ќе биде подготвен за настап на утрешниот натпревар со Чешка.

Нашите одбојкари посебно добро ги одиграа првите два сета во кои освоија по 19 поени, а пад во играта се забележа во последниот сегмент од натпреварот во кој Холанѓаните славеа со 25:16.

Нашата селекција утре од 20 часот ја очекува меч против Чешка во кој доколку успееме да славиме ќе го освоиме третото место во групата и ќе имаме подобра стартна позиција во пресрет на елиминациската фаза од шампионатот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе