Одбојка Спорт

Миленковски: Целта е исполнета, одиме на победа во последните два натпревари

Со двете стартни победи во соочувањата со Данска и Црна Гора, македонската одбојкарска репрезентација го обезбеди пласманот во елиминациската рунда на Европското првенство.

До крајот на шампионатот не очекуваат уште соочувања со Холандија и Чешка во кои составот предводен од селекторот Јошко Миленковски ќе се обиде да забележи уште некој триумф со што би се обезбедила подобра позиција во осминафиналето.

“Двата натпревари кои планиравме и посакувавме да ги победиме ги добивме против Данска и Црна Гора. Целта ја остваривме со пласман во осминафинале, освен ако не се оствари некое црно сценарио затоа што и Црна Гора се уште има шанси. Но, никој во репрезентацијата не помислува тука да застанеме. Имаме уште два натпревари на кои секако сакаме да победиме, да се натпреваруваме и да уживаме. Ќе биде интересно одмерување на силите и против Холандија и против Чешка. Со победа би ја избегнале Италија во осминафиналето, и тоа би било убаво. Останува добро да се подготвиме и со поддршка од нашите навивачи да дојдеме до нов успех”, рече селекторот Милевски.

Следниот натпревар репрезентацијата на Македонија го игра утре од 17 часот, а противник ни е селекцијата на Холандија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе