Спорт Формула 1

Сајнц со прва сезонска пол-позиција во Ф1

На голема радост на италијанските тифози, Карлос Сајнц од Ферари стигна до пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Италија што се вози на легендарната патека „Монца“.

Во возбудлив финиш на квалификациите кога водството се менуваше три пати во последните секунди, Карлос Сајнц на крајот имаше најбрзо време со 1 минута, 20 секунди и 294 стотинки. Зад Шпанецот, кој ја запиша правата пол-позиција сезонава на утрешната трка ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул. Трето најдобро време денеска имаше Шарл Леклер од Ферари, а четврти ќе тргне Џорџ Расел од Мерцедес.

Најдобрите 10 во квалификациите ги комплетираат Серхио Перез, Александер Албон, Оскар Пиастри, Луис Хамилтон, Ландо Норис и Фернандо Алонсо.

Трката за Големата награда на Италија утре стартува во 15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе