Спорт Фудбал

Вардар против градскиот ривал оди на прва победа

Поради почетокот на подготовките на репрезентацијата за претстојните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство попладнево се играат мечевите од 5. коло во домашниот фудбалски шампионат.

Вардар на стадионот Борис Трајковски ја пречекува Македонија ЃП и ќе се обиде да ја забележи првата победа по враќањето во елитното фудбалско друштво.

Во Тетово се игра уште еден дерби натпревар во кој лидерот Шкендија го пречекува Шкупи додека второпласираната АП Брера е домаќин на Работнички.

Брегалница во оваа рунда ќе се соочи со Воска Спорт додека Гостивар е домаќин на Силекс.

Сите натпревари почнуваат во 16 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе