Спорт Фудбал

Милевски: Мораме да функционираме како тим

Предводникот на македонската фудбалска репрезентација денеска го објави списокот со 27 фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за претстојните квалификациски дуели со Италија и Малта.

“Сакаме да покажеме дека Македонија е конкурентна и покрај проблемите со кои се соочуваме. Ќе го дадеме максимумот, момците ќе бидат подготвени за предизвикот и мислам дека атмосферата во националниот тим ќе биде добра и позитивна. Без разлика на резултатите, Македонија заслужува поддршка од трибините и се надевам дека стадионот ќе биде исполнет до последното место. Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот, само така може да се надеваме на успешни настапи. Факт е дека постојано, освен со Португалија, секогаш ни недостасувале витални играчи, но составот е тој, изборот е тој, тоа е реалноста. Не сме фудбалска велесила. Тоа што ни се случи со Англија е можеби и добро, за да се спуштиме на земја и да почнеме од доле, да градиме тимски дух и тим”, истакна селекторот Милевски.

Дуелот против Италија се игра на деветти септември на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути, а цената на билетите е 300 и 500 денари.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе