Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недостига кадар во штипските градинки

/

Македонија

Сподели преку :

Недостиг на кадар во штипските градинки, повторно ги активираше листите за чекање за прием на деца. Директорите велат откако се реши проблемот со просторот, сега  проблемот се појавува, бидејќи не се одобруваат вработувања, откако ќе се испразнат работните места по основ на пензионирање.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“-Штип, Ивана Ангеличкова вели дека и покрај тоа што неколкумина од вработените веќе заминале во пензија, во престојниот период тоа ќе се случи со уште четири вработени во детската градинка „Вера Циривири – Трена“. Во пензија заминуваат две воспитувачки и две негувателки, што значи две групи дечиња помалку.

Состојбата е слична и во детската градинка „Астибо“. Проблемот со бројот на деца кој се провлекуваше со години е решен со тоа што групите работат со зголемен број на деца. Меѓутоа, и во оваа градинка вработените заминуваат по основ на вработување, а сѐ уште нема согласност за нови вработувања.

Листа на чекање има и во единствената градинка во Општина Карбинци. Персонал има, но градинката е мала, заради што наскоро ќе се проширува.

Во Кочани пак во изминатите две и пол години во пензија заминале 21 вработен, а се пополниле само осум места. Раководствата на детските градинки апелираат да им се одобрат нови вработувања, со цел да не имаат проблеми со згрижување на децата од претшколска возраст.

Викторија Димитрова Јованова

Jumbo 2