Вести Македонија

Пукано во Раде Трајковски Штекли во гаражата на Ист гејт мол?

Обид за убиство на Раде Трајковски Штекли?

Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли . Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден.

Тој според информациите на Телма бил во блиндирано возило.

Во мометот во Ист гејт мол полицијата врши увид.

Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.

Раде Трајковски-Штекли,  неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за  големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

Повеќе на Вестите на Телма во 18:30 и 21:30.

Колата од која е пукано кон Штекли во „Ист гејт“ е пронајдена запалена кај Грчец

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ прашува: Зошто нема обвинение против екс началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски?

Дејан Дејан

Помалите партии ги извадија од фиока старите закони за една изборна единица

Дејан Дејан

Трамп ја зголемува царината за увоз на челик од 25 на 50 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе