Вести

Пензионерите на протест бараат повисоки пензии

Свирежи за оставка, пароли со „време е да се освестите, пензионерите Ви гладуваат“, „докажете дека го слушате гласот на народот“ највозрасните излегоа на протест. Обединетите пензионери  од цела Македонија со единствено барање од матичната организација, да им се покачат пензиите за 3500 денари.

„Владата мора да го почитува законот за усогласување објавен од државниот завод за статистика од месец ноември 2021 година. Но покрај спроведувањето на законот да даде плус линеарно зголемување од 3500 денари на основицата на пензијата и одредување на минимална пензија во однос од 18.000 денари. Сојузот на здружение на пензионери веднаш да се укине бидејќи не ги застапува интересите на пензионерите.“, вели Васка, пензионер.

„Која е таа умна глава што го измисли тоа од ракав, на мене 78% на нив овде во оваа зграда 30% на сите што седат по столовите, а на нас 6% еве ти куче глоѓај таму. Не може веќе така. Нека слушне и министерката, ако она за неа сака 78% и ние сакаме и за нас 3500 денари“, вели пензионер.

„Ги повикувам сега да седнат во побрзо време, и ако треба тоа нивното почитувано толку европско знаменце нека го стават. Да изгласаат што побрзо минимална пензија која ќе изнесува во нашите барања е не помалку од 20.000 денари. Имаме предлог 60% од просечната плата ни излегува 21.000 денари“, вели друг пензионер.

По говорите пензионерите се упатија кон вратата на ресорното министерство за да ги прими министерката Јована Тренчевска. Прво беа одбиени, а по намерите да се упaтат пред владата, Тренчевска ги врати на средба.

„Затоа ве замолуваме министерке излезете ни во пресрет. Навистина не се живее. Просечната пензија е многу ниска, трошоците многу се големи. Сега од кога се одмрзнаа цените и кога ддв-то се зголеми навистина е страшно да се влезе во маркет и да се отиде на пазар. Верувајте вчера сум се згранала, 100 денари пиперки дали може да се купат пет килограми со оваа пензија, не можат. Значи годинава и она што го имавме задоволство да го правиме зимници и зимото го поминувавме со ајварче , пинџурче годинава за жал тоа ќе ни биде ускратено“, вели Васка пензионер.

„Не може некој што се потрошил 40 години без разлика дали на машина, дали во државна институција да го изедначиме со некој 15 години што работел само. Не е исто да работиш 15 и да работиш 40 години, и не може да очекуваме иста пензија да имаат“, вели Јована Тренчевска министерка за труд и социјална политика.  

Ова следува откако изминатиот период во сите градови низ државата се организираа протести. Миантата година претставниците на пензионерите си дадоа рака со владата пензиите да растат процентуално во зависност од растот на минималната плата и трошоците за живот по швајацарскиот пензиски модел. Остана нерешена минамалната пензија за која сега пензионерите излегоа на улица. Дури една третина од вкупно 330,000 пензионери се под прагот од 13 илјади денари примања, за кои велат е невозможно да се помине месецот во услови на економско-енергетска криза и скок на цените на храната.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе