Спорт Фудбал

УЕФА го казни Левски со 40.000 евра

Дисциплинската комисија на УЕФА за однесувањето на навивачите пред и за време на натпреварот против Шкупи во Скопје на Левски му изрече казна од 40.000 евра.

Во образложението на одлуката стои дека бугарскиот клуб е казнет за дискриминаторско однесување на навивачите вклучувајќи и скандирање на етничка основа како и испраќање на политички пораки. Причина за изрекување на казната се и инцидентите кои навивачите ги предизвикале на трибината каде што беа сместени.

Покрај оваа санкција, Левски на следното гостување во европските клупски натпреварувања нема да може организирано да води навивачи, а доколку во иднина се направи ново прекршување на правилата следува и казна од еден натпревар на домашен терен без публика.

Во објавата за изречената казна Левски на своите навивачи им порача на натпреварот против Шкупи што ќе се одигра в четврток да се однесуваат спортски и да не скандираат пораки на национална, расистичка, ксенофобична основа, да нема политички пораки и да нема насилство пред, за време и по завршувањето на натпреварот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе