Кошарка Спорт

Јончевски го комплетира тимот за претквалификациите

На почетокот од втората недела од подготовките за настап на претквалификациите за Олимписките игри, селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски полека го комплетира тимот.

На репрезентативците кои во претходните седум дена беа дел од тренинзите им се приклучија капитенот на националниот тим Војдан Стојановски и повратникот во селекцијата Ненад Димитријевиќ.

Во текот на денот во земјава треба да пристигне и Ти Џеј Шортс, а како дел од репрезентацијата која се подготвува за турнирот во Талин, Јончевски реши дополнително да ги повика Марко Миловановиќ и Андреј Андоноски кои се дел од селекцијата до 20 години.

Во тренажниот процес се врати Теодор Симиќ, а единствен проблем е повредата на Виктор Ефремоски.

Националниот тим за настапот во Естонија се подготвува во салата на СРЦ Кале.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе