Спорт Фудбал

Ливерпул сака да го позајми Мбапе на 12 месеци

Претставници Ливерпул водат интензивни преговори со Пари Сен Жермен за евентуално позајмување на Килијан Мбапе во следниве 12 месеци.

Клубот од Енфилд веќе подолг период се споменува како една од опциите за продолжување на кариерата на францускиот репрезентативец, а трансферот се поврзува со спонзорот на двната клуба компанијата Најк.

Преселбата во Ливерпул е една од најдобрите опции за Мбапе кој се чини дека поради сето она што се случуваше во последниве месеци тој нема често да биде на теренот и токму трансферот на Енфилд може да биде вистинско решение.

Сепак во целата сага во ниту еден момент не може да се исклучи Реал Мадрид, кој би сакал да го ангажира Французинот уште во текот на овој преоден рок и е подготвен да плати обештетување од 200 милиони евра.

Кралскиот клуб би сакал да го реши проблемот уште ова лето бидејќи следната година ќе има уште еден конкурент за ангажирање на Мбапе, а тоа е Ливерпул кој на шест месеци пред позајмицата може да почне преговори за продолжување на соработката со Мбапе.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе