Спорт Фудбал

Швајцарија и Норвешка во осминафиналето на СП

Познати се уште две селекции кои го продолжуваат настапот на Светскиот шампионат во фудбал во женска конкуренција што се одржува во Австралија и Нов Зеланд.

По триумфот од 6:0 во соочувањето со Филипини, Норвежанките на крајот сепак успеаа да се пласираат меѓу осумте најдобри на Мундијалот, а во тоа има помогна и домаќинот Нов Зеланд кој играше без голови против Швајцарија.

Серијата погодоци ја отвори Софи Хауг кој во првите 17 минути на два пати се запиша во листата на стрелците, а во 31. минута Каролин Хансен зголеми на 3:0. Четвриот погодок за Норвешка беше дело на Алисиа Баркер кој во 48. минута ја погоди сопствената мрежа, а до крајот на мечот погодоци постигнаа уште Гуро Рајтен од пенал и Хауг која во петтата минута од судиското продолжение во второто полувреме по трет пат ја затресе мрежата на противничките.

Во натпревар од второто коло во Х групата, Колумбија ја совлада Германија со 2:1 и е на најдобар пат да влезе во елиминациската рунда додека Мароко славеше над Јужна Кореа со 1:0.

Овој натпревар ќе влезе во историјата на Мундијалоте бидејќи мароканската репрезентативка Нухаила Бензин стана првата фудбалерка која на теренот мечот го одигра со хиџаб.

До овој момент место во елиминациската рунда веќе обезбедија репрезентациите на Шпанија, Јапонија и Шведска.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе