Спорт Фудбал

Педри го “олади” ПСЖ, не сака да си оди од Барселона

Само неколку часа по најавата дека најталентираниот фудбалер на Барселона може да се пресели во Пари Сен Жермен, следува информација која ќе ги смири навивачите на Каталонците.

Педри по никоја цена не сака да го напушти Камп Ноу и сите негови планови за продолжение на кариерата се врзани за Барселона и тој ќе остане дел од екипата.

Претпладнево беше објавена вест дека Пари Сен Жермен по барање на тренерот Луис Енрике ќе плати сума од 110 милиони евра за комплетирање на трансферот на младиот фудбалер, но тоа е далеку од откупната клаузула во договорот со Барселона која измесува милијарда евра.

Францускиот првак беше заинтересиран за Педри и пред да се ангажира Луис Енрике, но и при првите обиди за контакт беше испратена јасна порака дека тој нема намера да си замине од Барселона.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе