Спорт Тенис

Ивановски ќе се бори за титулата во Крамзах

Калин Ивановски по петти пат сезонава ќе се бори за трофеј на еден ИТФ турнир. Најдобриот македонски тенисер овој пат стигна до финалето на турнирот во австрискиот град Крамзах што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Ивановски во меч што траеше 2 часа и 15 минути во три сета со 4:6, 6:2 и 6:2 го совлада Французинот, Матис Ерхар.

Противник во финалето ќе му биде Џерард Кампана Ли од Јужна Кореа кој забележа победа во соочувањето со првиот фаворит на турнирот Оливер Крофорд од САД.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе