Кошарка Спорт

Атанасов останува на клупата на МЗТ Скопје

Првакот на Македонија во кошарка, МЗТ Скопје потврди дека и во следната сезона на екипата ќе ја предводи Васко Атанасов, кој на чело на тимот беше и во завршницата на минатиот шампионат.

“Станува збор за 29-годишен перспективен стратег, кон не е само светла иднина на нашиот клуб туку и на македонската кошарка во целост. Тој одамна е дел од аеродромската светост, прво како дел од младинската школа, а потоа и како помошник во стручниот штаб. По заминувањето на Драган Николиќ пред крајот на минатото првенство, Атанасов го прифати предизвикот и лидерската палка и успешно го доведе нашиот тим до посакуваната шампионска титула – десетта во клупската историја. Зад нашиот предводник од клупата е искуство од водење неколку екипи како прв тренер и тоа БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс”, се вели во соопштението објавено на клупската веб страница.

МЗТ Скопје најави дека од следната сезона дел од стручниот штаб ќе биде и Никола Велев кој се враќа во екипата откако две години мина во градскиот ривал ТФТ.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе