Спорт Фудбал

Американките освоија бод, Нигерија подобра од домаќинот

На Светското првенство во фудбал во женска конкуренција се одиграа три натпревари.

Во првиот дуел од второто коло во Е групата, репрезентацијата на САД играше без победник во соочувањето со Холандија.

Холанѓанките поведоа со погодокот на Џил Рорд во 17. минута, а во 62. Линдзи Хоран успеа да го израмни резултатот.

Во вториот натпревар Португалија славеше со 2:0 над Виетнам. Телма Енкарнасао во седмата беше стрелец на водечкиот гол, а конечниот резултат го постави Кика Назарет во 21. минута од средбата.

И во натпревар со кој се комплетираше второто коло во Б конкуренцијата, Нигерија забележа победа од 3:2 во дуелот против Австралија.

Домаќинот на Мундијалот поведе со голот на Емили Ва Егмонд во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Пет минути подоцна Учена Кану израмни на 1:1 и на одмор се замина со овој резултат.

Во продолжението Нигерија постигна два погодоци во низа, Осиначи Охале и Асисат Осахоала донесоа предност од 3:1, а во десеттата минута од судиското надополнување во вториот дел Алана Кенеди беше стрелец на вториот гол за Австралија.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе