По Овчеполскиот регион сега горат и нивите во Општина Карбинци. Земјоделците од неколку села го изразија својот револт и побараа проблемот со водата за наводнување да им се реши.
Посочуваат дека проблемот не лежи во недостатокот на вода, туку во тоа што не се одржува системот, водата не стигнува до нивните ниви.
Најмалку 500 хектари под оризот се суви, а над 1000 хектари се пченка, детелина и други култури.
Земјоделците посочија дека Водостопанство претходно не ги исчистиле каналите за наводнување.
Директорот на Водостопанство Брегалница, Благојчо Богатинов вели дека не е информиран за проблемот на земјоделците од Карбинци и ги повика на средба.
Проблемот во Овчеполскиот регион е решен и веќе се наводнуваат површини согласно направениот план.
Викторија Јованова













