Спорт Тенис

Ивановски втор носител на ИТФ турнирот во Крамсах

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оваа недела е пријавен за настап на ИТФ турнирот што се одржува во австрискиот град Крамсах и се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Според листата на пријавени играчи Ивановски ќе има статус на втор носител, а пред него подобро рангирани е Американецот, Оливер Крофорд.

Во првото коло Ивановски за противник го има Петер Голдштајнер од Австрија, кој во моментов 1277 на светската ранг листа.

Дуелот против домашниот тенисер Ивановски ќе го игра утре на централниот терен околу 12 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе