Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опожарен автомобил пред домот на вицепремиерот Артан Груби, тој им се извини на сопствениците и соседите за предизвиканото вознемирување

/

Македонија

Сподели преку :

Околу 3 часот утринава непознати лица запалиле автомобил кој се поврзува со вицепремиер Артан Груби. Во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.„Струмичка“ настанал пожар во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од 35-годишниот Б.Л. од Скопје.

Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.„Струмичка“ настанал пожар во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје, соопштија од министерството за внатрешни работи.

Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека лицето кое пријавило во полиција е сопственикот Б.Л. и дека немаат сознанија за поврзаност на возилото со Груби. ТВ Алсат, пак, јавува дека иако се води на име на друго лице, „аудито“ приватно го користи Артан Груби.

Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија, напиша првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби на неговиот профил на Фејсбук, откако беше објавено дека ноќеска е опожарено возило во Чаир.

Груби наведува дека „е во политиката за да служи и да остави трага со работа и дела, а не да му се тероризира семејството, соседите и пријателите“.

-Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите.
Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад. Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка, стои во објавата на Груби.

Jumbo 2