Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс е една од ѕвездите на летниот преоден рок и готово секој ден по медиумите се објавува информација за неговиот следен потег во кариерата.
Во целата сага едно е јасно, 23-годишниот напаѓач поради несогласувања со тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне по секоја цена сака да си замине од клубот, а најголем проблем околу реализацијата на трансферот е висината на обештетувањето и фактот дека клубот од шпанската престолнина не сака повторно да го позајми.
Откако и на луѓето во Атлетико им стана јасно дека Жоао Феликс сака да си оди тие конечно попуштија и ги одредија финансиските услови за двете опции.
Наместо 100-те милиони евра за предвремен раскин на договорот сега се бараат 80 милиони додека за евентуална едногодишна позајмица заинтересираниот клуб ќе мора да плати сума од 11 милиона евра.
По најавите дека Барселона се повлече од трката за Португалецот во конкуренција останаа само Пари Сен Жермен и неговиот поранешен клуб Бенфика.
ФОТО: Игор Паневски