Спорт Фудбал

Ливерпул тргнува по Верати

По заминувањето на Џордан Хендерсон и Фабињо, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во следниве денови ќе се обиде да најде соодветна замена за двајцата стартери во екипата, а приоритет има играч кој ќе ја пополни позицијата на дефанзивен фудбалер во средниот ред.

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија прв избор на предводникот на тимот од Енфилд е италијанскиот репрезентативец Марко Верати, кој се наоѓа и на листата на потенцијални засилувања на Атлетико Мадрид.

Ливерпул од трансферите на Хендерсон и Фабињо би требало да инкасира околу 55 милиони фунти, сума која веднаш ќе се инвестира во ново име.

Верати со Пари Сен Жермен има договор до 2026 година, а францускиот првак за предвремен раскин бара обештетување од 80 милиони што беше главна причина од трката да се повлече мадридски Атлетико.

Со заминувањето на двајцата фудбалери повторно се отвори празнина во средниот ред на Ливерпул, а овој сегмент од екипата беше проблематична и во текот на минатата сезона.

Во моментов Клоп на располагање ги има Стефан Бајчетиќ, Тијаго Алкантара, Куртис Џонс и новото име Алексис МакАлистер и токму поради тоа потребно е да се ангажира и повеќе од едно засилување.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе