Ромелу Лукаку се чини дека никако да ја научи лекцијата дека својот најдобар фудбал во кариерата го игра во Интер. Белгиецот иако беше на прагот да направи целосен трансфер на „Џузепе Меаца“ од Челси, тој наводно сега е многу близу до потпис со Јувентус.
Интер на Челси му понудил 35 милиони евра обештетување плус 5 милиони во бонуси, но директорит на клубот не добиле повратен одговор од самиот фудбалер. И фудбалерите на Интер се обиделе да го исконтактираат Белгиецот, но безуспешно.
Во меѓувреме и Јувентус му понудил на Челси обештетување од 37,5 милиони евра и 2,5 милиони во бонуси. Лукаку е подготвен да ја прифати понудата на „бјанконерите“, а не на Интер.
Белгиецот по втор пат ќе ги разочара навивачите на Интер, бидејќи првиот пат го направи тоа во летото 2021 година по одличната сезона во дресот на „нераѕурите“ иако викаше дека не сака да си замине, направи трансфер во Челси вреден 115 милиони евра. Тој изминатата сезона повторно играше во Интер, но како позајмен фудбалер.