Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шпекулации и невистини, Сејдини ги отфрла наводите во кривичната пријава

/

Македонија

Сподели преку :

Претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини шпекулации и невистини ги нараче обвинувањата против дека наместо автоматски преку АКМИС системот, рачно местел предмети на конкрети судии  и дека довел до застарување 190 предмети, даночни и од царината, со што државата може да биде оштетена со милионски суми.

Сејдини кој е втор мандат на чело на на Управниот суд тврди немало и ќе нема рачна распределба на предмети додека тој раководи со судот, а дека анонимните пријави против него се со цел да му се нарушу угледот нему и на судот што го предводи. Тврдеше и дека претседател на суд не може да застари предмет, особено не од од областа на даноците и царините.

Се пофали со работата на судот и фалеше вработени за кои смета дека е невозможно тие да стојат зад пријавите и претставките против него. Сериозните обвинувања ги нарече шоу за кое ќе цени јавноста и секој може да поднесе кривична пријава.

Судскиот совет минатата недела точката за Формирање комисија за Сејдини која беше затворена за јавноста ја одложи со образложение дека ќе чекаат да се доекипира советот. Од таму за Телма одговорија постапките за барања за утврдување на одговорност на судии се од доверлив карактер и додека не станат правосилни, не се објавуваат имиња но потврдија дека ги проверувале обвинувањата од претствката.

Тричлена комисија предводена од Координаторот  на Управниот суд, во април оваа година бил во работна посета на овој суд и направил увид  во поголем број предмети, за да ги провери  наводите содржани во  претставката. Извештајот ќе биде разгледан на една од наредните седници и по неговото усвојување ќе биде достапен за јавноста, соопштија од судскиот совет.

Од Антикорупциска комисија за Телма потврдуваат дека добиле кривична пријава и формирале предмет за претседателот на управен, но дека рано е да кажат било какви согледувања. И од Финансиската полиција за Телма неофицијално потврдија дека добиле кривична пријава која ја разгледуваат и ќе одлучат дали е во нивна надлежност, со оглед на тоа што се работи за злоупотреби на АКМИС системот. Доколку не е во нивна надлежност ќе ја препратат до друга институција, односно обвинителство.

Освен до овие институции анонимните пријавувачи информацијата ја испратиле и до Владата и странските амбасади. Бараат Сејдини да одговара, и дисциплински и кривично.

Елена Ивановска Мукоска

Jumbo 2