Спорт Фудбал

ПСЖ влегува во трката за Лорис

Првиот голмански избор во Тотенхем, Иго Лорис летово најверојатно ќе си замине од Лондон, но се уште е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.

За поранешниот репрезентативец на Франција, кој се повлече од националниот тим по завршувањето на Мундијалот во Катар интерес покажа Интер, но сега во конкуренција влегува и Пари Сен Жермен.

Триесет и шест годишниот голман неодамна најави дека би сакал да се врати во татковината и да го носи дресот на Ница, клуб од кој пред деценија и половина замина во Лион, а потоа се пресели во Тотенхем.

Интерес за Лорис неодамна покажаа и клубови од Саудиска Арабија, но се чини дека тој нема намера да направи трансфер на Блискиот исток и се поизвесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Европа.

Договорот на Лорис завршува следното лето и јасно е дека првиот човек на Тотенхем, Дниел Леви ќе сака да го продаде капитенот како би можел барем нешто да заработи од трансферот со оглед на фактот дека следната година тој ќе има статус на слободен играч.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе