Спорт Фудбал

Јувентус побара, УЕФА го исклучи од Конференциската лига

Раководството на Јувентус неодамна побара од УЕФА да го исклучи од настапите во Конференциската лига, а според пишувањето на италијанските медиуми, Европската фудбалска асоцијација прифатила Старата дама во следната сезона да остане без учество во третото по ранг клупско натпреварување.

Кориере дело Спорт пишува дека раководството на Јувентус стравувало од евентуална санкција од УЕФА поради кршењето на правилникот за финансиски фер плеј и сметале дека подобро е сега да останат без учество во Конференциската лига отколку следната сезона да бидат исфрлени од Лигата на шампионите под услов првенството да се заврши меѓу првите четири екипи.

Иако се уште нема официјална потврда местото на Јувентус ќе го заземе Фиорентина која ја освои осмата позиција на табелата, а во минатата сезона играше во финалето од Конференциската лига каде беше поразена од Вест Хем.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе