Спорт Фудбал

Баерн не се откажува од трансферот на Кејн

Минхенски Баерн по секоја цена сака да го ангажира англискиот репрезентативец Хари Кејн и до Тотенхем испрати нова понуда која изнесува 70 милиони фунти што е за 14 милиони повеќе во однос на првата.

Сепак претседателот на лондонскиот клуб Даниел Леви не отстапува од бараните 100 милиони и оваа втора подобрена понуда е одбиена. Претходно Тотенхем експресно ја одби сумата од 56 милиони, но зголемувањето сепак се оценува како порака дека Баварците сакаат да го доведат 29-годишниот напаѓач кој би бил огромно засилување за тимот предводен од Томас Тухел.

Кејн влегува во последната година од договорот со Тотенхем и постои голема веројатност тој следното лето да си замине како слободен играч, а веќе од први јануари 2024 година ќе може да преговара со заинтересираните клубови па и евентуално да потпише преддоговор.

Покрај Баерн за Кејн е заинтересиран и Пари Сен Жермен, а целата ситуација со неговиот трансфер будно ја следи и Манчестер Јунајтед.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе