Вести Македонија Топ вести

Клинички центар без плати од мај

Заедничките служби на Клинички центар  без плата… Сметката е блокирана. Од таму за Телма велат дека очекуваат проблемот да се надмине идната недела.

– Сметката на установата е блокирана од доверители по различни основи… Се преземаат мерки со надлежните институции и очекуваме проблемот да биде решен, се вели во одговорт на службата, кој го испратија до Телма.

Инаку, ова не е прв пат заедничките служби, да биде со блокирана сметка.

Претхдно тие имаа и проблеми поради долгот за струја на Мајка Тереза поради што можеше да остане без електрична енергија. Тогаш од службите изјавија дека се потребни повеќе пари кои ќе се распеделат по клиники за да се покрие долгот и на тој начин да се затвори проблемот. Властите потоа објавија дека ќе се прават анализи за да се реши овој проблем кој со години се провлекува. Но, досега нема никакви  промени во тој дел. Долгот за струја на клинички изнесуваше над 7 милиони евра, бидејќи сметките не се плаќале три години. За да се спаси од мрак клиничкиот центар, тогаш државата плати дел од овој долг.

Инаку, претходно од заеднички служби на Клинички, изјавија дека тие се посебно тело кое само се финансира и апелираа да се најде начин за да се стави крај на проблемот со оваа служба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари возила, ниски плати и недостиг на вработени – Одбележан Денот на пожарникарите

Дејан Дејан

Грција засега не размислува да го раскине Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Нова измама – Граѓаните добиваат лажни пораки дека им следува паричен надомест од Владата во висина од 100 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе