Спорт Фудбал

Промени во ФА купот, нема повторување на натпреварите

Најстарото фудбалско натпреварување на светот англискиот ФА Куп од следната сезона најверојатно ќе се игра според нови правила.

Во моментов се водат преговори меѓу Националната фудбалска асоцијација и Премиер лигата и се очекува да се постигне договор за одредени измени.

Главната измена е преземањето на Премиер лигата продажбата на ТВ правата надвор од Англија и за таа цел елитното натпреварување во земјата предлага во иднина да се укинат повторените натпревари кои сега се играат доколку во првиот меч нема победник.

Токму ова правило многу го отежнува одредувањето на календарот на натпреварите во текот на сезоната и со оваа измена ќе се отвори простор за нови термини.

Патем, Премиер лигата инсистира мечевите во ФА Купот да се играат во текот на неделата, а не во викендите со што повторно би се отвориле дополнителни термини за играње на мечеви во националното првенство.

На крајот Премиер лигата инсистира финалето да се игра во завршницата на сезоната, а не на самиот крај.

Предлозите на Премиер лигата за овие измени се поради фактот дека од 2024 година, Лигата на шампионите ќе се игра по нов формат и во фазата по групи наместо шест ќе се играат 10 натпревари и поради тоа потребно е да се ослободат дополнителни термини во текот на сезоната.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе