Спорт Фудбал

Менди го официјализираше трансферот во Ал-Ахли

Едуард Менди е третиот фудбалер на Челси што летово заминува во Саудиска Арабија. Голманот денеска и официјално го комплетираше трансферот во Ал-Ахли. Премиерлигашот ќе инкасира 20 милиони евра обештетување, а Сенегалецот потпиша тригодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона.

Претходно од „Стемфорд Бриџ“ во саудиската лига трансфери направија и Енголо Канте, кој потпиша за Ал-Итихад, а стоперот Калиду Кулибали се пресели во Ал-Хилал.

Наскоро се очекува уште еден фудбалер на Челси да се пресели во Саудиска Арабија, а тоа е Хаким Зијех. За потсетување, Челси летово го напушти и Матео Ковачиќ, кој потпиша за Манчестер сити, а пред трансфер во Милан е Рубен Лофтус Чик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе