Вести Култура

Почина режисерката Виолета Џолева

На 72 години по кусо боледување почина театарската и ТВ режисерка Виолета Џолева, објави Драмскиот театар.Во Драмски театар режираше повеќе претстави, меѓу кои: Луиџи Пирандело – „Хенрих IV“ (1974) ; Пол Зиндел – „Дамите од Аламо“ (1990); Несин Азис – „Убиј ме душичке“ (1997); Васил Иљоски – „Чест“ (1998); Доналд Ли Кобурн – „Партија реми“ (2018).

Џолева дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974 година. Била член на Радиодрамата (1958-1969); режисерка во МРТ Скопје (1974-1976); режисерка во Камерниот театар во Сараево (1976-1992); слободен уметник (1992-1994); од 1994 е драматург и режисерка на МРТ.

Во 2018 година во Театарот за деца и младинци (ТДМ) бил прикажан првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, а во режија на Виолета Џолева.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Висок ризик со играчки и електроника -ЕУ го казни „Тему“ 200 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Партијата на Курти освои најмногу гласови на избoрите во Косово

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе