Километарски колони на двата гранични премина со Грција. Почнува летниот туристички метеж на Богородица и Дојран. Поради близината на граничниот премин до Стар Дојран, денеска гужвите блокираа и дел од градот. Мештаните велат дека застојот траел околу два часа, а сега Дојран е прооден. Но, токму ваквата ситуација носи гости плус во Дојран. Сакајќи да ги одбегнат најдолгите чекања, туристите пд странство викендуваат во Дојран. Годишно од нив се остваруваат десетици илјади ноќевања.
Градчето почнува да се полни и со домашни туристи. Тие доаѓаат заради климата и водата, а забелешки немаат многу, освен поголема организација за комуналната хигиена.
Врвот на туристичката сезона во Дојран се очекува да почне околу средината на јули и трае до крајот на август.
Сузана Мицева













