Спорт Фудбал

Маркус Тирам го одби Милан за да потпише за Интер

Интер доби уште едно градско дерби против Милан и тоа во „битката“ за потписот на Маркус Тирам, кој е слободен агент откако му истече договорот со Борусија Менхенгладбах.

Французинот реши да ја прифати понудата на „нераѕурите“, која изнесува 6 милиони евра годишно. Се верува дека „росонерите“ имале пониска понуда од 5 милиони евра годишно, па парите пресудија каде голгетерот ќе ја продолжи кариерата.

Интерес за Тирам имеше и од ПСЖ и Лајпциг, но тој одлучи кариерата да ја продолжи во Интер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе