Здружението на брендирани и приватни бенизнски пумни Штип е згрозено од ставовите на РКЕ од последната одлука на Комисијата за цените на нафтените деривати.
Од таму велат дека РКЕ со своите одлуки ги уништува компаниите кои легално работат со нафтениот бизнис и намерно носи одлуки со кои ќе им наштети на домашните компании.
Смешни и неиздржани се наводите на РКЕ дека со либерализација на пазарот ќе се предивика ценовен шок затоа што кога во минатото ние трговците сами ги определувавме цените, не се случи такво нешто, велат од Здружението на брендирани и приватни бенизнски пумни Штип.
И покрај тоа што РКE е слепа и не реагира на злоупотребите што се прават на пазарот на нафтени деривати, дополнително, ние што работиме легално не ни дава никаков поттик во овие тешки моменти, реагираат од Зружението.