Кошарка Спорт

Американскиот Дрим тим никогаш послаб

По завршувањето на сезоната во НБА лигата, Американците се фокусираат на почетокот на подготовките за настап на Светското првенство во кошарка што ќе се одржи во Индонезија, Јапонија и Филипини.

До овој момент само девет играчи го потврдија настапот за националниот тим и се чини дека селекцијата на САД никогаш до сега немала послаб тим на големите натпреварувања.

Последен во низата кошаркари кој ја прифати понудата да настапи на Мундијалот е играчот на Јута, Вокер Кеслер, кој во текот на сезоната имаше просек од 9,2 поени, 8,4 скока и 2,3 асистенции.

Претходно повикот го прифатија Џерен Џексон (Мемфис), Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Ентони Едвардс (Минесота), Тајрис Халибартон (Индијана), Остин Ривс (ЛА Лејкерс), Микал Бриџис (Бруклин), Боби Портис (Милвоки) и Џејлен Брансон (Њујорк).

Подготовките на репрезентацијата почнуваат на трети август во Лас Вегас, а селекцијата на САД на Мундијалот е дел од Ц групата во која партиципираат уште Грција, Нов Зеланд и Јордан.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе