Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Калиманци“ на 20 сантиметри до прелевање

/

Македонија

Сподели преку :

Најголемата акумулација на истокот „Калиманци“ полна како никогаш досега во овој период од годината. Невремето и поплавите во делчевскиот регион ја наполнија акумулација, пред два дена нивото на водното огледало се искачи на пет сантимери до прелавање.

Директорот на Водостоспанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов вели дека изминатите два дена се бележи намалување на дотокот, но будно ја следат состојбата. Денеска акумулацијата е на 20 сантиметри до прелив.

Поради високиот водстој од акумулацијата, водата се испушта преку хидроцентралата и се произведува струја. Богатинов вели дека на терен сѐ и денеска, се чистат речните корита на Брегалница и нејзините притоки на местата, каде што може да дојде до излевање на водата.

Калиманци“ во моментот има акумулирано 115 милиони кубни метри вода. Вода за наводнување на земјоделските површини за источниот регион за оваа сезона има, а се смета дека вода во акумулацијата ќе остане и за наредната сезона за наводнување.

Сеидбата на оризот е завршена, останува за наредната година да се изгради цевковод за селото Чешиново, со цел оризопроизводителите навреме да добијат вода за сеидба на оризот.

Викторија Димитрова Јованова

 

Jumbo 2