Кошарка Спорт

Јокиќ испиша историја: Денвер е на чекор до титулата во НБА

Кошаркарите на Денвер се на една победа до освојување на шампионската титула во НБА-лигата, откако утринава славеа на гостувањето кај Мајами за да поведат со 3-1 во финалната плеј-оф серија.

Чекањето од 47 години за шампионска титула на Нагетс е речиси завршено по триумфот од 108-95 на гости кај Хит. Арон Гордон ги предводеше гостите поентерски со 27 поени, а Никола Јокиќ имаше 23 поени и 12 скока, додека Џамал Мареј финишираше со 15 поени и 12 асистенции.

Српскиот центар испиша нова историја во НБА-лигата, бидејќи стана првиот играч со повеќе од 500 поени, 250 скокови и 150 асистенции во една плеј-оф сезона.

Кај Мајами, Џими Батлер имаше 25 поени, а Бам Адебајо заврши со 20 поени и 11 скока.

Следниот натпревар се игра во Денвер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе