Ракомет Спорт

Женскиот ракометен Ф4 руши рекорди

Европската ракометна федерација објави дека на вчерашните полуфинални натпревари на завршниот турнир во Лигата на шампионки што се одржува во Будимпешта соборен е светскиот рекорд по бројот на посетители на еден дуел во женска конкуренција.

Мечевите Ѓер – Кристијансанд и Ференцварош – Есбјерг во МВМ Дом ги следеле вкупно 20.022 гледачи со што е надминат досегашниот рекорд од финалето на Светското првенство меѓу Србија и Бразил што се одигра во 2013 година во Белград, а на трибините имаше 19.647 посетители.

Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер верува дека и во денешното финале посетата ќе биде поголема и дека дуелот за титулата меѓу Ференцварош и Кристијансанд ќе влезе во историјата на женскиот ракомет.

Што се однесува до рекордот во двете конкуренции тој изнесува 44.189 гледачи и е забележан на шести септември 2014 година на мечот неѓу Рајн Некар Левен и Хамбург.

Овој рекорд би требало да биде надминат во јануари следната година кога отворањето на Светското првенство во ракомет ќе се одржи на Меркур Шпил Арената во Дизелдорф, а на еден од двата дуели ќе настапи и Македонија која за противник ја има селекцијата на Франција додека домаќинот Германија игра против Швајцарија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе