Спорт Фудбал

Мекалистер на чекор до трансфер во Ливерпул

Алексис Мекалистер е многу близу до трансфер во редовите на Ливерпул. Агентот на аргентинскиот фудбалер денеска пристигнува во Англија на преговори, а се очекува сите работи да бидат договорите до идната недела.

Засега не е јасна сумата за која Мекалистер ќе се пресели од Брајтон во Ливерпул, но дефинитивно е помала од оние 60 милиони фунти за кои се шпекулира во англиските медиуми. Менаџерот на „црвените“, Јурген Клоп летово ќе направи целосна реконструкција во средниот ред на тимот, откако си заминаа Џејмс Милнер, Наби Кеита и Алекс Окслејд-Чемберлен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Денеска на Вимблдон: Ѓорческа против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе