Спорт Фудбал

Марчињак сепак ќе го суди финалето во Истанбул

Само неколку часа откако беше најавено дека се разгледува можноста да се делегира нов арбитар за финалето во Лигата на шампионите, УЕФА соопшти дека Полјакот, Шимон Марчињак сепак останува главен судија на дуелот во кој се среќаваат Манчестер Сити и Интер.

По написите во полските медиуми дека Марчињак бил дел од собир на ултра десничарска партија во земјата, УЕФА отвори истрага, но откако тој јавно се извини донесена е одлука тој да остане главен судија на натпреварот во Истанбул.

“Сакам длабоко да се извинам за својата вмешаност во еден ваков настан. Доцна сфатив дека сум доведен во заблуда и не бев свесен за природата и поврзаноста на тој настан. Не знаев дека тој е поврзан со екстремно десничарско движење и претходно да знаев за што станува збор ќе ја одбиев поканата за присуство”, се вели во изјавата на Марчињак.

Претходно полскиот судија на социјалните мрежи објави дека никогаш во својот живот не поддржувал ниту една политичка партија, организација или политичар поединечно.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Денеска на Вимблдон: Ѓорческа против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе