Спорт Фудбал

Скапи влезници за мечот Аргентина – Австралија

Светскиот првак Аргентина првиот натпревар надвор од земјата по освоената титула на Мундијалот во Катар ќе го одигра во Кина, а противник ќе биде селекцијата на Австралија.

Мечот ќе се одигра на 15 јуни на Работничкиот стадион во Пекинг кој има капацитет од 68.000 гледачи, а според последните информации влезниците ќе се продаваат во текот на два дена и тоа една недела пред одигрувањето на натпреварот.

Цената на билетите се движи од 76 до 630 евра, а уште од сега владее огромен интерес и поради стравувањето од активирање на црниот пазар организаторите решија влезниците да се продаваат со лични документи кои ќе мора да се приложат и при влегување на трибините.

Сепак и покрај овие строги правила веќе се појавија понуди за продажба на билети на платформата Таобао каде за резервирање на влезници за ВИП зоната се нудат 2400 евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе