Спорт Фудбал

Севилја му нуди нов договор на Мендилибар

По триумфот на Лига Европа и пласманот во Лигата на шампионите, раководството на Севилја е подготвено да му понуди нов договор на тренерот Хозе Луис Мендилибар.

Шеесет и две годишниот тренер во клубот дојде во март како привремено решение по смената на Хорхе Сампаоли.

Целта на тренерскиот ветеран беше екипата да се извлече од опасната зона во Ла Лига и да се обиде да избори што е можно подобар пласман во Лига Европа.

Мендилибар на крајот постигна далеку подобри резултати, а круна извонредната серија беше освојувањето на трофејот во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Иако се уште нема официјална потврда претседателот на Севилја на Мендилибар ќе му понуди соработка до крајот на следната сезона.

Баскиецот пред ангажманот во Севилја работел како шеф на струката во Алавес, Еибар, Леванте, Осасуна, Валјадолид и Атлетик Билбао, а токму во Андалузија го забележа најголемиот успех во кариерата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Денеска на Вимблдон: Ѓорческа против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе