Вести Македонија Најважни

Киличдароглу повторно однесе победа во Македонија

И во вториот круг од турските претседателски избори на гласањето во Македонија победи кандидатот на здружената опозиција, Кемал Киличдароглу. Според податоците на изборната комисија, во Македонија гласале 1.686 гласачи, турски државјани, меѓу кои има и жители на Македонија, но повеќето се студенти и работници од Турција. На Киличдароглу поддршката му ја дале 54,63 отсто, а на Реџеп Таип Ердоган 45,38 отсто.

И покрај тоа, на улиците во Скопје синоќа излегоа повеќе припадници на турското малцинство со автомобили да ја прослават победата на актуелниот претседател.

Киличдароглу победи, речиси, во сите земји во регионот: Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција. Ердоган единствено победи во Босна и Херцеговина, што може да изгледа прилично неочекувано поради тоа што турскиот претседател има многу приврзаници во регионот кои се поистоветуваат со неговата политика.

Во земјите каде што има голема турска дијаспора – Германија, Франција, Холандија и Белгија – Ердоган победи со голема разлика.

Но, според земји каде што гласаше турската дијаспора поголема поддршка доби Кемал Киличародгли. Тој победи во над 40 држави, додека Ердоган во околу 30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе